Отишол во напуштена куќа да запали џоинт, а внатре го пречекала изненадувачка глетка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Хјустон објави дека лице кои се сокрило во напуштена куќа за да пуши марихуана внатре затекнал тигар во кафез.

Loading...

Лицето повикало полиција, која во куќата навистина затекнала тигар тежок над 150 килограми. Тигарот се наоѓал во кафезот кој бил премногу мал за него.

Иако куќата била напуштена, покрај кафезот било пронајдено месо.

– Загрижен граѓанин не повика. Се обидел да влезе во куќата за да пуши марихуана. Го испрашувавме дали е под дејство на дрога или навистина видел тигар, рекол полицаецот Џејсон Аледерет.

Откако добиле налог за претрес, пронашле женка тигар во ужасни услови.

Тигарот бил преместен на сигурно место, каде му е пружена потребната нега. Засега не се поднесени пријави против сопственикот на куќата.

Leave a Reply