Отежнат пристапот до резултатите, нападнат сајтот на ДИК

Сподели со своите пријатели

Веб страницата на Државната изборна комисија падна пред да ги објави податоците за целокупната излезност на денешните избори, а потоа останаа недостапни и сите информации за резултатите.

Loading...

Како што информираат од ДИК, станува збор за напад на сајтот на ДИК од надвор и ИТ експерти работат на нормализирање на состојбата.

Со тоа отежнат е пристапот до информации за резултатите и ДИК емитува стрим во живо со процентуално обработени гласови од партиите.

Засега не е познато каква е состојбата во општините, но тесна е разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Коалицијата „Можеме“ на СДСМ води со 36,6%, а следува ВМРО-ДПМНЕ со 35,77. Потоа доаѓа ДУИ со 10,52 отсто.

Во меѓувреме освен сајтот на ДИК, под хакерски напад е најголемиот агрегатор на вести во државата, Тајм.мк.

Никола Ивановски

Leave a Reply