Отец Здравсковски: Утре ни се открива Отецот, Синот и Светиот дух како Троица

Сподели со своите пријатели

Водици или Богојавление е денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Се прославува на 19 јануари кај црквите што го користат јулијанскиот календар (вклучувајќи ја и македонската).

Loading...

Крштевањето е поврзано со овој празник и значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина.

Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Василица и сл.

– Се она за кое зборувале пророците во Стариот завет и она што се навестувало дека Бог е личност, меѓутоа кој е и каков е Мојсеј дознава само дека тој е самопостоечко битие, сега на Богојавленит откриваме дека постои Отец кој го испраќа својот син да се роди од Богородица и дева и на утрешниот празник се Крштева и светиот дух кој во вид на гулаб слетува врз него. Утре ни се открива Отецот, синот и светиот дух како троица едносушна, како Бог кој функционира како една мисла, една волја, една сила и ние го прославуваме крштевањето Христово од страна на Свети Јован Крстител. Тоа се случува на Јордан помеѓу сите луѓе, за да не се збуни Свети Јован Крстител кој е Христос, гулабот слегува врз него, отецот сведочи со гласот и вели: „Ова е мојот возљубен син, него послушајте го“ и тогаш по крштевањето Христос започнува со својата спасителна мисија за објавувањето на волјата божја и процесот на исцелување на човечкиот род, изјави отец Игор Здравковски, портпарол на Кумановско-осоговската епархија.

Богојавление бил празник на претхристијанскиот бог-давател Дајбог кој ги исполнувал желбите на луѓето кои му се обраќале при отворањето на небото. Имено, според верувањето, ноќта спроти празникот точно на полноќ, на глуво доба, се отворало небото и на сите што будни ќе го дочекале тој час Бог им ги исполнувал желбите.

фото: архива

Leave a Reply