Осумгодишно дете од Слупчане прегазено со автомобил

Сподели со своите пријатели

Осумгодишно дете од кумановското село Слупчане е повредено откако во него удрил автомобил „опел корса“.

Детето со тешки телесни повреди е пренесено во Општата болница во Куманово од каде по укажаната лекарска помош е префрлено во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Несреќата се случила вчера околу 15 часот на локалниот пат од село Слупчане до село Руница. Возилото го управувал Б.И. (30) од селото Слупчане со привремен престој во Швајцарија.

Увид на местото на настанот е извршен од страна на екипа од СВР Куманово.

Leave a Reply