Осумдневен притвор за штипјанец поради криумчарење мигранти

Сподели со своите пријатели

Дваесет и деветгодишен М.С. од штипското село Кучица заработи кривична пријава од Регионалниот центар за гранични работи Југ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено на 14-ти овој месец на регионалниот пат Богданци – Дојран полициски службеници во патничко возило „Фолксваген венто“, управувано од пријавениот, пронашле шест илегални мигранти.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.