Осумдесетина должници од Куманово на најновата „црна листа“ на УЈП

Сподели со своите пријатели

Осумдесетина должници од Куманово се најдоба на најновата листа на Управата за јавни приходи на Република Македонија, а меѓу нив поголем број физички, правни лица и јавни претпријатија чии долгови се доспеани до 31.05.2018 и неплатени до 31.08.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Од јавните прептријатија лидер е „Чистота и Зеленило“ чиј што долг изнесува 45.4 милиони денари, односно нешто над 700.000 евра. Значително помалку должи и подржницата на Јавното претпријатие „Македонија Шуми“, „Шумско стопанство – Куманово“, односно еден милион денари.

Од правните лица, 438 илјади евра изнесува вкупниот долг на „Жито Фарм“, 11,6 милиони денари должи „Астроида Параскева“, а околу два милиони денари помалку или 150.000 евра е долгот кој кон Управата за јавни приходи го има „Флутинг Сервис“ од Куманово.

Осум милиони денари должи и компанијата „Стари ММ“, шест милиони денари должи „Ханза Керамика“, а 93 илјади евра е долгот на „Братекс Бонита“, по што следува „СХД Компани“ со долг од 88.000 евра.

Од физички лица рекорден долг има Бајруш Сејдиу. Тој на државата по разни основи треба да и исплати 1,8 милиони евра. Нешто над 750 илјади евра е долго на Звонко Јосевски, а околу 323.000 евра должи и физичкото лице Мартин Ѓоргиевски.

Вкупните побарувања на државно ниво, од страна на Управата за јавни приходи изнесуваат над 10,2 милијарди денари, кој го имаат вкупно 2.178 правни и 2.082 физички лица.

На „црната листа“ на УЈП се објавуваат физички лица и самостојни вршители на дејност чиј што долг е над 120.000 денари и правни лица со долг поголем од 300.000 денари.

Leave a Reply