Осум лица казнети вчера во Куманово за неносење маска

Сподели со своите пријатели

Осум лица во Куманово во текот на вчерашниот дел биле казнети поради непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие (11.10/12.10.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 8 лица не ја почитувале, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Сите осум лица биле од Куманово

Против нив, како што појаснуваат од кумановската полиција, се поднесени соодветни поднесоци.

Никола Ивановски