Осум хранливи комбинации од кои се слабее

Сподели со своите пријатели

Наближувањето на летото нè потсетува дека е добро да се обрне внимание на вашите навики во исхраната. Здравата диета е онаа која вклучува 4-5 разновидни оброци за денот (во умерени порции) кои ги обезбедуваат сите потребни хранливи материи.

Кога сакаме да ослабнеме, не смеме да го лишуваме телото од групи на храна, не треба да се чувствуваме без енергија и да чувствуваме постојан глад.

Знаеме дека има хранливи комбинации кои е добро да ги избегнуваме, како месо со компири, месо со сирење, леб со месо, да не мешаме на еден оброк неколку видови овошје, да не се комбинираат ореви со овошје на едно јадење и други важни правила.

Но, кои хранливи комбинации, би можеле да ни помогнат во ефикасно согорување на мастите?

Пилешко месо и лути пиперки

Лутата пиперка е дел од најдобриот зеленчук, кога сакате да изгорите вишок калории. Во комбинација со пилешко месо или други здрави извори на протеини, тие ќе ви помогнат да го подобрите вашиот метаболизам. Освен тоа ги прават јадењата повкусни.

Туна и ѓумбир

Секоја здрава исхрана треба да вклучува риба. Една од најпознатите препорачани риби е туна. Од друга страна не заборавајте во менито да додадете и свеж ѓумбир. Тој е моќен антиоксидант и е одличен зачин во топењето на масните наслаги.

 

Loading...

 

Сурови бадеми и кисело млеко

Совршена комбинација, бидејќи бадемите содржат антиоксиданти, витамини А и Е. Тие исто како јогуртот содржат калциум и витамин D. Јогуртот е важен за здравјето на желудникот, а здравиот стомак стои во основата на слабеењето.

 

 

Лосос и аспарагус

Оваа вкусна риба е богата со омега-3 масни киселини, од кои вашето тело има потреба, кога се разделувате со вишокот килограми. Од друга страна аспарагусот содржи добра количина влакна и помага да се елиминира вишокот течности од организмот.

 

Loading...

 

Авокадо и спанаќ

Едни од најкорисните намирници, кои помагаат за намалување на телесната тежина. Богати се со важни хранливи елементи. Авокадото е од оние масти, кои го стимулираат согорувањето на вишокот такви.

 

 

Грав и пченка

Според последните анкети, бобестите култури можат да помогнат за намалување на телесната тежина. Пченката исто така се препорачува кај диета, а двете храни во комбинација ги засилуваат и заштитните сили на организмот.

 

 

Свежа салата со варени јајца

Една здрава комбинација која ќе ви помогне да го подобрите вашиот метаболизам. Зеленчукот и јајцата се богати со важни витамини, минерали, протеини. Заедно ќе ви обезбедат енергија, особено ако вежбате интензивно.

 

Loading...