Осуденик преживеа извршување смртна казна, судот не знае што да прави со него

Сподели со своите пријатели

Затвореникот од Алабама Дојл Ли Хам (61) преживеал погубување, поради што Врховниот суд би можел да одлучи повторно да добие смртоносна инекција или да го осуди на доживотен затвор. На Хам половина час безуспешно се обидувале да му ја пронајдат вената за да му вбризгаат отров од инекцијата.

Осуденикот се бори со карцином и хепатитис, а некогаш користел и дрога, па вените му се оштетени, наведува неговиот адвокат и предупредува дека на тој начин на Хам не може да му биде извршена егзекуција.

– Тие работеа како месари, мојот клиент трпеше страшка болка, тврди адвокатот на Хам.

Loading...

Дојл Ли Хам е осуден пред 31 година, зато ашто при вооружен грабеж го убил Патрик Канингем, кој работел ноќна смена во мотел. Се признал пред полицијата, откако двајцата негови помагачи во грабежот сведочеле претов него во замена за помала казна.

Американскиот адвокат Џенифер Елис вели дека постои можност затвореникот повторно да биде дел од погубување, ако ја преживее првата егзекуција.

– Државата ќе бара да се спроведен повторно погубување, но адвокатот тврди дека тоа би било необично и сурово. Случајот може да дојде и до Врховниот суд, наведува таа.

Без оглед на одлуката на судот, лицето не може да биде ослободено. Ако судот одлучи Хам да живее, смртната казна ќе биде преиначена во доживотен затвор.

 

Leave a Reply