Осудениците од кумановскиот затвор чистеа околу „Павлешенска чешма“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Осудениците од Казнено-поправната установа Затвор Куманоов во селото К’шање, вчера чистеа околу локацијата „Павлешенска чешма“ покрај регионалниот пат Куманово – Свети Николе.

Loading...

 

 

– Во текот на месец март беше спроведена успешна акција за чистење на кумановската „Павлешенска Чешма“ од страна на осудени лица кои се наоѓаат на издржување на казна затвор во КПУ Затвор Куманово со Отворено Одделение во Крива Паланка, велат од Управата за извршување санкции.

 

 

Loading...

Ова, како што појаснуваат од Управата, се дел од активностите со кои на осудените лица им се овозможува за време на издржувањето на казната затвор да извршуваат работни задачи кои ќе допринесат за нивна ресоцијализација и реинтеграција, а истите се во интерес на целата заедница.

 

 

– Ваквите активности се планира да продолжат и во иднина. За време на спроведување на активностите беа запазени сите превентивни мерки за спречување на Ковид 19 вирусот, се додава во соопштението од Управата за извршување санкции.

Никола Ивановски

Leave a Reply