Осуда за реакцијата на Меркел – девојчето од Палестина останува во Германија

Сподели со своите пријатели

Девојчето од Палестина кое пред два дена во тек на телевизиска дебата се расплака пред тв камерите, откако германската канцеларка Ангела Меркел и соопшти дека Германија не може да ги прими сите баратели на азил, сепак ќе може да остане во државата, јавува британскиот весник Гардијан.

Loading...

Во емисијата пренесувана од модерниот училишен центар во Росток, каде Ангела Меркел дебатираше со младите до 17 години на тема ”Политиката на ЕУ кон бегалците”, канцеларката се обрати до 14 – годишната Рим Сахвил, која претходно соопшти дека на нејзиното семејство му претстои депортација бидејќи нејзиниот татко не може да добие германски документи.

Понекогаш, тоа е тешко, тоа е политика… и ти си еден симпатична девојка, но ти истотака знаеш дека во палестинските бегалски логори има уште илјадници и илјадници луѓе. Ако ни кажете дека сите сакате да дојдете, ние тоа нема да можеме да го изведеме. Има и такви кои мора да се вратат”, и се обрати Меркел на девојчето кое во тој момент почна да плаче, кога канцеларката и пријде и почна да ја гали по лицето.

Однесувањето на Меркел кон расплаканото палестинско девојче предизвика реакции на социјалните мрежи и во медиумите, со зборовите дека најмоќната жена на светот реагирала премногу дистанцирано.

Германскиот министер за интеграции Ајдан Узгус, вчера изјавила дека лично не е запознаена со ситуацијата на оваа младо девојче, но според зборувањето германски, се гледа дека таа подолго време живее во Германија. Затоа во август 2014 година, го сменивме Законот за мигранти, за да добро интегрираните млади луѓе ќе може да добијат дозвола за останување во Германија, пренесува германскиот весник ”Тагешпигел”.

Портпаролот на градоначалникот на градот Росток, каде и се одржа споменатата дебата, се јавиле во реакција во весникот ”Тагешпигел” дека немаат намера да го протераат девојчето, ниту пак нејзиното семејство.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.