ОСТУ “Наце Буѓони” ја одбрани титулата на најдобро техничко училиште

Сподели со своите пријатели

На 34-тите Државни натпревари на стручните училишта од Република Македонија кои се одржаа во Прилеп, екипата од ОСТУ “Наце Буѓони” Куманово освои најголем број на награди, информираат од училиштето.

Loading...

На натпреварот за ЕМСУ (Електротехнички, машински и сообраќајни училишта) кој се одржува по 34-ти пат, ОСТУ “Наце Буѓони” ја одбрани титулата на најдобро техничко училиште.

Според професорот Златко Гиновски, ова е натпревар од највисоко значење кој се организира за стручните училишта во РМ.

– Ние како училиште секоја година заземаме активно учество на овој натпревар и освојуваме завидни резултати. Од големите успеси изминативе години на овој натпревар бевме прогласени за најдобро Техничко училиште со најголем број на освоени места. Оваа година повторно го докажавме истото и многу повеќе, вели Златковски.

11045489_898129993541500_7796784497480469230_n

Професорот Златковски информираше дека учениците од ОСТУ ”Наце Буѓони” освоиле награди во сите категории во кои земале учество.

– Овие резултати кои ги освоивме последниве години претставуваат голем успех за нашите ученици. Со овие дипломи тие ќе можат полесно да добијат стипендија за студирање, исто така може да им помогне при вработување. Оваа ито така е голем успех за менторите кои се презадоволни од постигнатото, вели Златковски.

11168097_892804790740687_4626920994486828923_n

Loading...

 

Во категорија КТА – Компјутерска техника и авроматика – Електро струка, ученичката Ане Илиевска го освои првото, додела ученикот Ул Џељадини го освои третот место.

Во категорија ЕТЕ Електротехничар енергетичар- Електро струка, ученикот Марко Трајковски го освои првото, додека Шаип Даути, беше втор.  Во категодија МЕТ Машинско енергетски техничар- Машинска струка, ученикот Даниел Милошевски заврши како втор, додека Вулнет Адеми заврши како третопласиран.

20150425_100455

Во категорија ТКУ  Техничар за комјутерско управување- Машинска струка, ученичката Симона Јовановска го освои третото место, додека со трудови од електро струка, ученикот Милан Поповски го освои првото, а Давид Илиевски, второто место.

Ученичката Хелена Жгума го освои третото место за труд од машинска струка, додека Никола Михајловски доби пофалница.

Продолжуваме да работиме напорно бидејќи имаме една цел, да останеме најдобри, додава професорот Златковски.