Остин: На Украина итно ѝ е потребна поголема воена помош

Сподели со своите пријатели

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека на Украина итно ѝ е потребна поголема воена помош и повтори дека сојузниците на САД и НАТО ќе ја поддржуваат Украина долг временски период.

Loading...

„Таа заедничка решителност ќе ја поддржи Украина во следните недели“, рече Остин на состанокот на НАТО во Брисел, пренесува Ројтерс.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Брисел уште еднаш истакна дека НАТО треба да се погрижи Украина да добие оружје „за да победи во оваа војна“.

Денеска во Брисел почна дводневната средба на министрите за одбрана на НАТО, на која се разговара за одвраќање и одбрана на Алијансата и зајакнување на поддршката за Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски им се заблагодари на САД за пакетот помош за Украина

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.