Осомничениот за убиството на Бојан негира вмешаност во случајот

Сподели со своите пријатели

Полицијата сè уште трага по оружјето со кое беше убиен Бојан Илиевски (31) од Куманово, а потоа фрлен во бунар во близина на црквата “Света Мина” на периферијата на Куманово.

-Од извори вклучени во истрагата дознаваме дека осомничениот за убиството, Д.Д., не го признавал делото, туку тврдел дека Бојан самиот си го одзел животот бидејќи имал финансиски проблеми. Наводно, кога видел што сторил другар му, многу се уплашил, побегнал од местото на несреќата и четири дена не се јавувал никому, додека полицијата не го пронашла и привела. Тој кажувал дека не знаел како се нашол убиениот во бунарот, ниту, пак, каде е пиштолот, објави ДНЕВНИК.

Од Јавно обвинителство потврдуваат дека осомничениот дал исказ и велат дека истражната постапка е во тек, но во интерес на истрагата, не даваат повеќе детали за случајот.

На Д.Д. му е одреден 30-дневен притвор, а се чекаат и резултатите од обдукцијата, кои ќе покажат под кои околности настапила смртта.

Бојан пред 10 дена беше пронајден мртов, со прострелна рана во главата, во бунар, откако три дена беше исчезнат од дома. Тој последен пат бил виден во друштво на осомничениот Д.Д. и оттогаш му се губи секаква трага. Најверојатно, Бојан е убиен истата ноќ, бидејќи во црквата “Света Мина”, во неделата наутро, виделе траги од крв покрај бунарот, а безживотното тело беше пронајдено во четврток. Братот на Бојан се сомнева дека го убил некој од неговото најблиско опкружување, бидејќи тој немал недоразбирања со никого