Ослободете со од првутот со помош на овие состојки

Сподели со своите пријатели

Поради многу причини може да се јави првутот, од премногу сува кожа, габи, развој на бактерии, воспаленија и сл. Сите кои го имаат знаат колку чеша и остава траги на облеката.

Loading...

За да се решите од тој проблем, не мора да купувате скапи препарати – се што ви е потребно заскогаш да се решите од овој проблем имате во вашиот дом.

Кокосово масло

Измешајте го кокосовото масло со сок од лимон и нанесете ја смесата на целото теме. Малку измасирајте па оставете да делува 20 минути и измијте ја косата. Практикувајте ја оваа метода барем два пати неделно.

Сок од лимон

Ако немате при рака кокосово масло, и сокот од лимом може да помогне. Само измешајте го со малку вода и нанесете лесно на темето масирајќи неколку минути и потоа измијте ја косата.

Маслиново масло

Стоплете маслиново масло и нанесете натемето и масирајте неколку минути со кружни движња. Оставете да делува еден час и измијте со шампон.

Loading...

Јаболков оцет

Измешајте околу 60 милилитри јаболков оцет со еднаква количина на вода. Сипете во шише со спреј и испрскајте по косата, започнувајќи од коренот на влакното. Внимавајте ситните капки да не дојдат во контакт со очите. Косата потоа замотајте ја во пешкир и оставете така околу еден час. Потоа можете да користите и шампон ако не сакате косата да ви мириса на оцет

Јогурт

Јогуртот може да се користи за отстрнување на првутот така што едноставно го ставате на темето и по 10 минути ја миете косата.

Сода бикарбона

Најпрвин навлажнете ја косата со вода па во темето истријте една дланка сода бикарбона. Тоа ќе го потикне темето да произведува масло за да не биде суво и создава првут.

Меѓутоа, кај некои луѓе премногу сода предизвикува сувост на косата, па ако се случи тоа и кај вас, само намалете ја количината која ја ставате на главата. Сода бикарбона можете да користите и како алтернатива за шампон.

Leave a Reply