Ослабнете лесно: Одличен трик да бидете сити без да јадете

Сподели со своите пријатели

Задоволството помеѓу мирисот и уживањето во храната е јасна и одамна е документирана. Но, дали некогаш ви текнало дека мирисот на храната може да влијае на количината што ја јадете и може да влијае да бидете сити без ниту еден залак?

Loading...

Ова е токму она што го направија научниците од Универзитетот во Јужна Флорида, кои утврдија дека постои директна врска помеѓу должината на мирисот на храната и нашиот апетит.

Научниците направиле два теста, во кафетерија во средно училиште и во супермаркет.

На учениците од распрскувачот во кафетеријата  им бил пуштен мирис на пица 30 секунди, тие купиле многу повеќе пица од што купувале вообичаено.Сепак, по две минути од пуштањето на  мирисот, продажбата драстично опаднала.

 

 

Во супермаркетот, истражувачите наизменично ги пуштале мирисите на свежо печени колачиња со чоколадо и мирис на јагоди, со пауза од еден час, за да исчезне претходниот мирис.

Loading...

Утврдено е дека клиентите, додека не го чувствуваат мирисот на колачињата, купуваат многу повеќе здрава храна (овошје и зеленчук), додека спротивен ефект е постигнат додека доминира аромата на јагоди.

 

 

Заклучокот е дека само две минути изложеност на мирис на нездрава храна (пица и колачиња) е доволна за да ја намалиме потребата да консумираме таква храна. Ова се случува затоа што мозокот обично не прави разлика помеѓу изворите на задоволство, како што се мирисот и вкусот.

Во суштина, на мозокот не му е грижа во тој момент дали само мирисаме или навистина јадеме – објаснува авторот на студијата, Депајан Бисвас.

-Амбиентниот мирис може да биде моќно оружје против желбата за нездрава храна.Всушност, суптилните стимуланси како мирисите можат да имаат многу поголем ефект врз изборот на храна кај возрасните и децата, отколку различните забрани и ограничувања – заклучи Бисвас, кој истакна дека се потребни дополнителни истражувања за да се утврди вистинското влијание на мирисите на храната.