Ослабнал 100 кг без тренер и нутриционист: Упорноста на крај се исплатила (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Џони Золтон (31) долги години се борел со прекумерна тежина, а работите станале уште полоши кога ја изгубил мајка си на само 15 години.

Loading...

Престанал да тренира, се свртел кон видео игри и јадел само нездрава или брза храна.

 

 

Неактивниот начин на живот и нездравата исхрана довеле до тоа Џони да има 200 килограми на возраст од 25 години.

– Се чувствував бескорисно. Еден ден ги извадив децата надвор и сфатив дека не можам да земам воздух. Мислев дека морам да сменам нешто поради моите деца или наскоро повеќе нема да бидам со нив – рече тој.

Свеста дека има прекумерна тежина и едвај се движи и дише го принудило да го смени претходниот стил и начин на живот.

Loading...

 

 

– Сè се смени тој ден. Почнав да тренирам и се фокусирав на кардио. Ја сменив исхраната и го засновав менито на јајца, пилешко, ориз и брокула. На крајот, се префрлив на диета со кето – Џони го споделува своето искуство.

Тој наведува дека на почетокот не било лесно.

– Морав да научам колку јаглехидрати во која храна. Кога го сфатив тоа, стана полесно. Сакам јајца, уживам во црвено месо – истакнува овој човек, кој со овој начин на јадење и вежбање успеал да ја преполови својата телесна тежина.

 

Loading...

 

– Во моментов, имам 100 килограми, за оваа диета и режим на вежбање ја преполовив тежината за шест години – рече тој и додаде дека сè уште не планира да ја прекине диетата.

Џони, како што вели, успеал да ослабе без тренер и нутриционист.

 

 

– Бев воден исклучиво од материјалите што ги најдов на Јутјуб и Редит. Како прво, си докажав себеси, и на сите, дека е можна голема промена – заклучи Џони Золтон.

 

Loading...

Leave a Reply