ОШЗС: Кумановци да ги почитуваат препораките за време на празничниот викенд

Сподели со своите пријатели

Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Куманово, денеска упати апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките на Владата и на Комисијата за заразни болести и да бидат особено внимателни за време на празничниот викенд.

Loading...

Во соопштението се повикуваат граѓаните во пресрет на претстојниот викенд и празникот 2 Август да ги почитуваат мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија и Комисијата за заразни болести во поглед на одржување на социјална дистанца, носење на заштитни маски и дезинфекција на раце.

-Исто така, сите оние граѓани кои ќе патуваат на излетничките места да ги почитуваат мерките и препораките на Влада на РСМ во поглед на бројот на патниците во патничките автомобили да не надминува повеќе од три лица, освен ако се работи за лица од исто семејство, како и задолжително носење на заштитни маски, со цел заштита на своето здравје и здравјето на најблискитесе вели во соопштението на општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Куманово.

МИА

Leave a Reply