Оштетен билборд на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово (фото)

Сподели со своите пријатели

Рекламен билборд на Коалицијата за подобра Македонија во Куманово, поставен покрај булеварот „Октомвриска револуција“ утринава осамна оштетен од страна на засега непознати сторители.

На пррс конференција Марио Цветковски од листата кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за оштетувањата на билбордот го обвини членството на СДСМ.

Деструктивната кампања на СДСМ продолжува и во текот на кампањата, затоа што немаат реална програма со која ќе излезат пред граѓаните да ја побараат нивната поддршка, како и поради тоа што ги очекува убедлив пораз на претстојните избори. Нашите политички противници оваа своја нервоза ја демонстрираат на нецивилизиран и вандалски начин. ВМРО-ДПМНЕ веќе укажа на злоупотребата на јавните претпријатија во изборната кампања од страна на СДСМ за што веќе се преземени мерки за институционална разрешница и санкционирање – рече Цветковски.

20161127_125639

Loading...

 

Тој обвини дека СДСМ во Куманово незаконски има поставено билборди и иборен пропаганден материјал на несоодветни локации за таква намена.

Ги повикуваме сите надлежни институции, како и меѓународните и домашните организации, а особено Министерството за внатрешни работи да го расветлат и снакционираат ваквото однесување, особено што министер на ова министерство е од редовите на СДСМ задолжен за фер и законско спроведување на изборниот процес – додава Цветковски.

Инаку во текот на вчерашниот ден полицијата соопшти дека во центарот на Куманово се оштетени билборди на ДУИ, но засега нема информации во билтенот на МВР за оштетување на билбордот на ВМРо-ДПМНЕ.