Орбан: Западот нема да победи

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека не верува во воената победа на Западот во Украина, додавајќи дека санкциите веќе почнуваат да паѓаат во вода.

Loading...

Во интервју за германските медиуми, тој исто така рече дека смртоносниот конфликт во Украина има потенцијал демонстративно да стави крај на западната хегемонија, на глобално ниво.

Како што оценува, кога ќе заврши вооружениот конфликт во Украина, Европа ќе излезе од него значително послаба, во политичка смисла.

Орбан тврди и дека Западот не е способен да победи ниту воено, ниту економски бидејќи, како што вели, санкциите наметнати на Москва се бесмислени бидејќи не ја постигнале целта – да го ослабат Путин и неговиот режим.

– И да биде уште полошо, сето тоа им се врати како бумеранг – додаде Орбан.

Тој исто така посочува дека се заборава фактот што „голем дел од светот не застана на страната на САД и ЕУ за украинското прашање, притоа споменувајќи дека Кина, Индија, Бразил, Јужна Африка, арапскиот свет и Африка не воопшто ја поддржува западната политика за украинскиот конфликт“, пренесува Раша тудеј.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.