Општината и ЈП ”Чистота и зеленило” со акција за чистење на депонијата кај нас. Перо Чичо (видео)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово во соработка со Јавното претпријатие ”Чистота и зеленило”, започна со акција на чистење на депонијата кај влезот во нас. Перо Чичо.

Loading...

Депонијата која е создадена од човечки фактор и несовесно однесување кон животната средина ќе биде санирана и исчистена до среда, најави денес градоначалникот, Зоран Дамјановски.

– Седми пат како ја чистиме депонијата кај населба Перо Чичо. Апелирам до несовесните граѓани да престанат со трупање на смет, бидејќи многу скоро ќе бидат воведени две смени кога инспекторите по комунална хигиена ќе ги санкционираат оние граѓани кои ќе го прекршат законот, вели Дамјановски.

Дамјановски денес најави и чистење на речното корито на реката Кумановка во должина од 3 километри, т.е проект за кој општината ќе одвои близу 3 милиони денари.

Чистењето на реката ќе се спроведува во налетот на есенските дождови и опасноста од можни поплави и излевање на реката од своето течение.

 

 

11911406_10205221142545031_2006027382_n

Loading...

Како што најави директорот на ЈП ”Чистота и зеленило”, Сашо Петрушевски, сознанијата од теренот укажуваат на тоа дека на оваа депонија, смет исфрлаат и неколку фирми, што е противзаконски, и воведувањето на зајакнати контроли од страна на комуналната инспекција ќе вроди со плод.

– До денеска се изнесени повеќе од 40 камиони смет. Се надеваме дека оваа акција ќе трае до среда, кога ќе го опфатиме и долниот дел од натрупаното ѓубриште, вели Петрушевски.

Депонијата во нас. Перо Чичо претставува долгогодишен проблем, како за граѓаните кои живеат на тој потег, така и за општината, со оглед дека ѓубриштето беше исчистено и повторно натрупано седум пати по ред за краток временски период.