Општина Куманово пред стопанствениците го презентираше потенцијалот на индустриската зона (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Новата индустриско развојна зона во село Речица, денеска во кружната сала на поранешен Комитет беше презентирана пред голем број стопанственици, членови на Сојузот на стопански комори на Македонија, претседатенот на комората г-ѓа Данела Арсовска и нејзините соработници и голем број членови на бизнис заедницата.

Loading...

 

 

-Нашата цел како град е да го развиваме стопанството и да дадеме еднакви можности за инвестиции во кумановското стопанство и на домашните и на странските инвеститори. Јас како градоначалник ќе се борам за секое ново вработување, бидејќи е од суштинско значење за нашите граѓани и нашиот град. Во рамките на овие квалитетни презентации се надеваме дека ќе успееме да најдеме реални инвеститори од реалниот сектор да инвестираат во нашиот град, а тоа ќе значи не само за нас како општину туку и за државата. Зоната се наоѓа на одлична локација, два меѓународни коридора, Е-75, коридорот 8 и 10 и се надевам дека овде во иднина ќе никне мало средно стопанство во делот на лесна и незагадувачка индустрија, дополнителен број на хотелски капацитети и секако големи трговски единици и шопинг центри. Посакувам успех првенствено на сите бизнисмени кои денеска земаа учество во делот на нивните активности и нивната работа, а вратата на Куманово отворена за сите, и воедно уште едно големо б лагодарам за претставниците на македонските стопански комори – изјави Градоначалникот на град Куманово, Максим Димитриевски.

 

 

Loading...

Општина Куманово пред 7 години имаше јавно надавање за оваа индустриска зона само еднаш, од тогаш ова ќе биде прво надавање на оваа индустриска зона, во која можност ќе добијат да се вклучат сите правни субјекти кои што ги исполнуваат условите, без разлика дали станува збор за странски или домашни инвеститори.

– Денеска ја имавме таа можност не само претставниците на секторските комори на Македонија, туку и на голем дел претставници кои голем дел се практично членови на стопански комори кои се реални инвеститори во земјава и странство, да имаат можност да видат кои се потенцијалите кои што новата индустриска зона во Куманово ги нуди врз основа да може да се развиваат нови домашни македонски инвестиции. Како голем потенцијал во зоната ја гледаме нејзината многу добра географска поставеност, меѓутоа и можностите кои општината, локалната самоуправа и градонагалникот ги нудат од аспект на тоа да има добро вмрежување, поврзување, инфраструктура, меѓутоа и додадената вредност која што ја нуди оваа зона од аспект на тоа поставување на еден квалитетен синџир на компаниите кои ќе работат внатре во зоната. Сето ова ни дава еден оптимизам дека зоната ќе се развива доста квалитетно, и што е многу поважно да се искористат човечките капацитети на пазарот на труд во Куманово, да се намали невработеноста, а со тоа и да се зголеми стандардот на граѓаните на Куманово, со тоа што ќе се обезбедат квалитетни и добро платени работни места- рече Данела Арсовска, претседател на сојузот на стопански комори во Македонија.

 

M.Ф

Leave a Reply