Општина Куманово објави јавен повик за граѓански организации

Сподели со своите пријатели

Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) е финансирана од Европската унија и ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан.

Проектот ќе трае до јануари 2020 година и ќе има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјте од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество за негово активно учество во процесот на денесување одлуки.  

Со проектот ReLOaD е предвидено да бидат вклучени 5 општини во земјава: Струмица, Ресен, Кавадарци, Гостивар и Куманово. Општина Куманово и проектот ReLOaD ги повикуваат сите граѓански организации во земјава да поднесуваат предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општина Куманово и со кои се опфатени следните приоритетни области: 

1. Заштита на животната средина

2. Заштита на човековите права 

3. Социјална кохезија и намалување на сиромаштијата

4. Туризам и култура

5. Младински иницијативи

Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 307.000,00 МКД до 1.845.000,00 МКД .

 На граѓанските организации им е дозволено да поднесат повеќе од еден предлог проект, доколку вкупниот доделен износ не надминува 3.690.000,00 МКД за целото времетраење на проектот ReLOaD  (до јануари 2020).

Општина Куманово и УНДП го задржуваат правото да не ги доделат расположливите средства доколку предлог проектите не ги исполнуваат зададените критериуми. Проектите може да бидат со времетраење од 6 до 8 месеци. Избраните проекти мора да се спроведат во периодот од мај 2018 до декември 2018.

ПОДОБНОСТ:

Учеството на овој јавен повик е отворено, на еднаква основа, за сите формално регистрирани граѓански организации (асоцијации / организации или фондации) согласно со применливите закони и регулативи.

Сите заинтересирани граѓански организации може да најдат детални информации за условите за пријавување и за критериумите за финансирање на проекти во Упатствата за подносителите, кои се составен дел од документацијата за јавниот повик.

ДОКУМЕНТАЦИЈА:

Документацијата за пријавување на јавниот повик на општина Куманово ќе биде достапна од 13.03.2018, преку испраќање барање на следната адреса: 11-ти Октомври бб, 1300 Куманово и/или на е-меил: [email protected], на кое е наведено името на заинтересираната организација, или лично во општина Куманово, улица: 11-ти Октомври бб.

Сите неопходни информации и електронската верзија од целиот пакет апликација може исто така да се преземат од официјалната општинска веб страница (www.kumanovo.gov.mk) како и на веб страницата на УНДП (www.mk.undp.org).

Информативната сесија (отворен ден) за повикот со заинтересираните подносители граѓански организации ќе се одржи во општина Куманово на ден 19.03.2018 година, со почеток во 10:00ч во општинските простории. Прашања во врска со јавниот повик може да се поставуваат преку адресата [email protected], со назнака за јавниот повик. Прашањата може да се поднесуваат до 27.03.2018, а одговорите ќе се обезбедат во писмена форма во рок од 3 работни дена од датумот на прием на прашањата. За да се обезбеди транспарентност, прашањата ќе се објавуваат на веб страницата на УНДП.

ПОДНЕСУВАЊЕ АПЛИКАЦИИ:

Пополнетите апликации (со целосна документација) мора да се поднесат во три  (3) печатени копии и една електронска верзија (на CD или USB), во запечатен плик со назнака за јавниот повик, по препорачана пошта или лично, во работни денови (понеделник-петок), од 09:00 до 15:00 часот на следната адреса:

Општина Куманово

Улица: 11-ти Октомври бб

Поштенски број: 1300 Куманово

Крајниот рок за поднесување апликации е 09.04.2018, до 15:00 часот.  Апликациите кои ќе бидат поднесени по овој краен рок ќе бидат разгледани само доколку на поштенската марка стои датум и време на испраќање пред официјалниот краен рок. На надворешната страна на пликот мора да стои името на повикот за поднесување предлог проекти, целосното име и адреса на подносителот, целосниот назив на проектот и назнаката „Да не се отвора пред официјалното отворање.” Општинскиот службеник ќе издаде потврда за прием на поднесените документи. Сите подносители на предлог проекти, независно дали истите се прифатени или одбиени, ќе бидат известени во писмена форма за одлуката во врска со нивниот предлог проект во рок од 30 работни дена од затворањето на јавниот повик. Резултатите ќе бидат објавени на општинската веб страница (www.kumanovo.gov.mk) или/и на општинската огласна табла, и на веб страницата на УНДП (www.mk.undp.org)

Апликациски пакет:

Анекс 1 – Предлог проект-Куманово
Анекс 2 – Преглед на буџетот_Куманово
Анекс 3 – Логичка рамка-Куманово
Анекс 4 – План на активности и видливост_Куманово
Анекс 5 – Формулар со административни податоци_Куманово
Анекс 6 – Формулар со финансиски податоци-Ресен
Анекс 7 – Изјава за подобност-Куманово
Анекс 8 – Листа за проверка-Куманово
Анекс 9- Насоки за подносителите_Куманово

Leave a Reply