Општина Куманово: Надлежни за решавање на проблемот со Искрин мост се ЈПДП и Министерството за транспорт

Сподели со своите пријатели

Согласно со новонастанатата ситуација на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, поточно на мост на реката Пчиња (познат како Искрин мост) во атар на село Орашац, свое известување до јавноста упати и Општина Куманово, од каде велат дека локалната самоуправа ниту има надлежност, ниту законска основа да биде вклучена во целиот процес, со оглед дека станува збор за регионален пат кој е во надлежност на Јавното претпријатие за државни патишта.

Loading...

Соопштението на Општина Куманово го пренесуваме интегрално:

Согласно со новонастанатата ситуација на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, поточно на мост на реката Пчиња (познат како Искрин мост) во атар на село Орашац, ги известуваме граѓаните на општина Куманово дека Локалната самоуправа нема надлежност, ниту законска основа да биде вклучена во овој процес. Надлежни за решавање на овој проблем се Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија. Општина Куманово нема добиено Барање од надлежните органи за одобрение за алтернативен пат или Известување дека на погореспоменатата локација ќе бидат извршени следниве дејствија:

 

Секаков вид на потрес може да доведе до рушење на столбот на Искрин Мост

 

-мостот е затворен за сообраќај со банкини и количини тампон истурени на коловоз

-нетампониран земјен алтернативен пат без соодветно обележување со информативни табли,небезбеден за сообраќај на ПМВ и ТМВ, без сообраќајна сигнализација за забрана за движење на товарни моторни возила и за истиот не постои патоказ дека е алтернативен пат на делницата Куманово-Свети Николе.

Loading...

Општина Куманово се оградува од новонастанатата состојба и смета дека Јавното претпријатие за државни патишта има должност и обврска, пред затворањето на овој патен правец, да обезбеди непречен и сигурен алтернативен пат, кој ќе биде во функција и непречено ќе се користи од страна на сите оние, кои имаат потреба да се движат на таа локација.

Општина Куманово потенцира дека дел од патот каде што се вршат градежни зафати, не се во нејзина надлежност, туку се дел од регионалната сообраќајна патна мрежа на Република Северна Македонија, поради што апелираме до надлежните институции што поскоро да изнајдат соодветно решение за непречено одвивање на сообраќајот.

 

Ова е алтернативниот пат за Искрин мост (ВИДЕО)

 

Службени лица од Секторот за инспекциски надзор – Инспекторат при општина Куманово беа на погореспоменатата локација и во текот на денот доставија мислење до надлежните органи. Воедно од страна на Општината е исконтактирано со Јавното претпријатие за државни патишта, од кое бараме во најкус можен рок да се уреди алтернативниот пат, како и соодветно одбележи поради неопходност од непречено функционирање на патниот правец, кој има особено значење за граѓаните на општина Куманово, регионот и пошироко.

Никола Ивановски

Leave a Reply