Општина Куманово ќе одвои 6,1 милиони денари за заштита на животната средина

Сподели со своите пријатели

Вкупно 6,1 милион денари од буџетот ќе одвои општина Куманово за заштита на животната средина. Програмата предвидува 4,6 милиони денари за заштита на амбиенталниот воздух, милион денари за подигање на јавната свест за заштита на животната средина и половина милион денари за изработка на проекти. Програмата ја усвоија советниците на последната седница на советот. 

Во рамки на програмата за заштита и унапредување на животната средина, но пред се за намалување на аерозагадувањетово Куманово, од буџетот се одвоени милион денари  за субвенционирање на граѓаните кои ќе се приклучат на гасификационата мрежа. Општината ќе субвенционира по 150 евра за семејство кое ќе одлучи да се приклучи на системот. Во рамките на програмата предвидено е да се изработи и катастар на животна средина. Овој плански документ е основа за управување со животната средина  и согласно него ќе се се организираат проектите и активностите, а ќе го подготват експрети од повеќе области и раководители на повеќе сектори од општината. За изработката на проектите, општината ќе одвои половина милион денари.

Милион денари општината ќе одвои и за набавка на опрема за прочистување на воздух, односно поставување на  на филтри , со цел намалување на загадувањето на воздухот во градот.

„Оваа активност опфаќа поставување на специфични филтри кои имаат можност да ја фаќаат ситната прашина (ПМ честички), азотни оксиди и озон кои имаат способност да ја филтрираат, односно неутрализираат“ се наведува во програмата за заштита на животната средина.

600.000 денари ќе одвои општината за набавка на средства и препарати за апликација (прскање), со цел намалување на загадувањето на воздухот. Со цел реализирање на оваа активност ќе се изврши набавка на препарати, односно средства со кои ќе се врши прскање.

Во рамки на програмата, општината ќе изврши мониторинг загадувачите , со цел да се направи листа-регистар за да се увиди од каде произлегува загадувањето. Во општина Куманово, како примери се посочени домаќинствата,  индустријата, автопатот, возилата, градежништвото.Од мерките за намалуавње на загадувањето е и примена на аеросолната метода за која освен набавка на средства предвидено е поставување на филтри за кои се предвидени два милиони денари   и набавка на механизација и приклучна опрема  за која се одвоени милион денари.

За подигање на јавната свест за значењето на животната средина, општината ќе одвои милион денари. Според досегашните искуства се наведува во програмата, најдобри резултати биле постигнати преку соработка со невладините организации. Во овој дел предвидено е изработка и печатење на  рекламен материјарал за промоција на мерки и активности за заштита и зачувување на животната средина,- промотивни флаери, едукативни брошури, постери и поставување на билборди, организирање на кампањи за зајакнување на еколошката свеста на граѓаните, наградни конкурси.