14.03.2019 15:30

Општина Куманово ќе испраќа опомени за неплатен данок


Општина Куманово наскоро во соработка со „Македонски пошти“ ќе започне да дистрибуира решенија и опомени за плаќање на застерените долгови за даноци и такси, информираше денеска градоначалникот Максим Димитриевски.

Тој изрази незадоволство од наплатата на јавните давачки во Куманово и потенцираше дека обврските на граѓани и приватниот сектор се огромни и нема да има простор за неплаќање.

loading...

– Се извинувам на граѓаните за ваквиот потег, но приморани сме согалсно законот да постапиме така и ќе бидеме поригорозни во делот на наплата на даноци и такси. Знаете дека даноците на имот споредбено со регионот се пониски, во просек по однос на меѓународни стандарди за средно и малу развиени држави, данокот на имот се пресметува врз база на стогодишен период. Доколу имотот чини 10.000 евра во период на сто години даночниот обврзник е должен да уплати на општината 10.000 евра во период од 100 години по основ на данок на имот или тоа е цена како помош да се формира сериозна заедница, рече Димитриевски.

Димитриевски најави и репресметка на данокот на имот бидејќи како што вели има обврзници кои плаќаат премногу и оние кои плаќаат премалку.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments