Општина Куманово ја отпочнa постапката за формирање регионална депонија

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово, како најголема во државата, а воедно и во Североисточниот и Источниот плански регион, денеска ја започна постапката за формирање заедничко јавно претпријатие кое ќе менаџира со фабриката за отпад од двата региони.

Loading...

На дневниот ред на денешната 26та седница на Советот на Општина Куманово едногласно беше изгласана точката за започнување меѓуопштинска соработка, која предвидува формирање јавно претпријатие кое ќе биде заеднично на двата региони.

Фото илустрација: Пиксабеј

Станицата за преработка на отпадот ќе се наоѓа во Свети Николе, каде најверојатно ќе се наоѓа и седиштето на новото јавно претпријатие. Отпадот ќе се трансферира до кумановската депонија од општините Куманово и Старо Нагоричане, ќе се пресува и ќе се пренесува до регионалната депонија.

– Позитивната законска регулатива е дека најголема општина треба да биде иницијатор, ние како најголема во државата воопшто и во овие два реигони со задоволство го прифативме предлогот да бидеме ние иницијатори и да ја запазиме иницијативата, и ја покренуваме и имаме донесување предлог одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка. Ако се усвои ќе се достави до сите 17 општини кои ќе усвојат советен текст и ќе одиме во следните фази каде ќе ги носиме актите на идното јавно претпријатие и ќе дебатираме како тоа ќе управува понатаму со третирање на отпадот во овие два реигони, рече Атина Мургашанска, претседател на Советот на Општина Куманово.

фото: архива

Loading...

Што се однесува до дислокацијата на депонијата од село Пчиња, која е предвидена и во програмата на градоначалникот Максим Димитриевски, тој вели дека депонијата е создавана години наназад и не може да се затвори преку ноќ. Времето за имплементација, како што посочи, спроед програмата, е осум години.

– Во однос на депонијата кон селото Пчиња и е сериозен еколошки проблем во нашиот град бара стратегија, но и со оваа ново претпријатие ќе се реши проблемот со депонијата бидејќи првично нема да се одлага, со отворање на оваа јавно претпријатие инсталирање на опремата која цврстиот отпад ќе го преработува, ќе се намали количината на отпад на самата постоечка депонија во Куманово и останатите во реигонот, и произведениот отпад во нашата општина ќе се носи во фабрикат за преработка на отпад која ќе биде лоцирана на територијата на Свети Николе, рече Димитриевски.

фото: архива

Проектот е целосно финансиски поддржан од Европската унија и тежи околу 40 милиони евра. Според првичните проценки треба да се реализира во следните четири години.

Во рамките на оваа ново јавно претпријатие, Куманово, како најголем произведувач на отпад ќе добие околу една третина од управувачкиот пакет.

– По однос на локацијата седиштето ќе биде лоцирано каде што ќе биде и самата фабрика за преработка на отпад. Најодговорно тврдам и се согласувам со градоначалникот од Свети Николе, дека тоа е несоодветно место од аспект дека произведуваат мала количина на смет, а всушност целата количина смет на Куманово која е поголем загадувач или целиот реигон да се носи на таа локација. Имаше алтернативно рамзислување Куманово да посочи локација која нема да е на плодно земјиште туку на карпести предели, а ги имаме поприлично во источните делови такви, да се лоцира оваа фабрика која за нас би значела дополнителни бенефити, а од еколошки аспект не би пореметила ништо во тој дел на градот, но за жал претходно беше изработена физибилити студија која не дозволуваше такви пренамени и врз база на заклучоците беше одлучено дека Свети Николе останува и тој доби дополнително еден член на Управниот одбор и претпоставувам дека ќе ја добие менаџерската улога, рече градоначалникот Димитриевски.

Инаку, претходно за ваков проект постоеше Јавното претпријатие „Еко зона“, кое беше фиктивно и немаше вработени, а советниците го згаснаа на претходните седници.

Loading...

Leave a Reply