Општина Куманово додели договори на 17 образовни асистенти (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово годинава по осми пат учествува во Програмата Општинско корисна работа со проектот „Моќта на децата“. Градоначалникот Максим Димитриевски денеска додели договори на 17 образовни асистенти, ангажирани на проектот кои што услугата за помош и поддршка на учениците со попреченост вклучени во редовното образование ќе ја спроведуваат во 7 општински училишта, во основните „11 Октомври“, „Кочо Рацин“, „Магдалена Антова“, „Толи Зордумис“ , „Наим Фрашери“ и во средните училишта „Перо Наков“ и „Киро Бурназ“ .

Loading...

-Првенствено ангажираме наши сограѓани работоспособни, а од друга страна самиот проект има хуман карактер бидејќи се работи за една од најчувствителните категории на нашите сограѓани, а тоа се лица со попреченост и тоа малолетни лица кои што добиваат образовни асистенти кои што им асистираат при посета на училиштата и во воспитно -образовниот процес. Ангажираме 17 лица за овој проект кој што започна 2013-та година со УНДП. Во моментов го реализираме со Агенцијата за вработување и истиот има буџет од 1.200.000 денари, општината обезбедува 700.000 денари, Агенцијата за вработување 500.000 денари и на овој начин општината навлегува веќе во едно друго ниво на делот на надлежностите бидејќи овој сегмент на надлежностите ги опфаќа надлежностите на министерството за труд и социјална политика, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово.

 

 

Потребата од образовни асистенти на ниво на државата реално е голема со оглед на фактот што има голем број на граѓани со полесна или потешка форма на попреченост на кои што им е неопходна помош во воспитно –образовниот процес, посочува Димитриевски.

– Од овде апелирам до ресорното министерство поактивно да се вклучи во делот на делегирање на надлежности, но и делегирање на финансиски средства на општините бидејќи потребата од вакви образовни асистенти објективно и реално е голема, не само во Куманово, туку генерално и во државата. Имаме голем број на наши сограѓани кои што ја имаат, за жал, оваа тешка состојба на кои што мора да им се помогне и ние како општина, но и државата мора да изнајдеме начин да им помогнеме и да им го олесниме животот и воспитно-образовниот процес, изјави Димитриевски.

Образовните асистенти имаат обврска во наредните 9 месеци по 20 часа неделно да им помагаат на учениците при посета на училиштата и во воспитно-образовниот процес.

Loading...

Програмата Општинско-корисна работа е составен дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот донесен од Владата. Целта е да се унапреди системот за обезбедување на социјални и здравствени услуги на локално ниво преку надополнување на постојните или воведување на нови услуги.

Leave a Reply