Општата болницата Куманово со благодардност до градоначалникот Димитриевски за помошта со донации и логистика од ОШЗС

Сподели со своите пријатели

Директорката на кумановската Општа болница Снежана Захариева денеска упати благодарност за сета помош и логистика што градоначалникот Максим Димитриевски и Општинскиот штаб за заштита и спасување го прават за да се ублажи пандемијата во градот.

Loading...

Димитриевски денеска ја посети болницата, давајќи им поддршка на здравствените работници и најави дека по одлука на Општинскиот штаб за заштита и спасување (ОШЗС), вработени од општинската администрација и јавните претпријатија ќе ги стави на располагање на болницата со цел да помагаат во транспортот на боци со кислород за болните од Ковид-19, а, како што вели Захариева, со денешната посета Градоначалникот ги потсетил дека воопшто им е празник.

 

 

– Во мое име и од име на вработените на ЈЗУ Општа болница Куманово до градоначалникот на Општина Куманово кој за цело времетраење на пандемијата ни помага како шеф на кризен штаб и со донации, со логистика. И еве ќе бидам искрена не потсети дека буквално денеска ни е празник. Му благодариме за донацијата на лична заштитна опрема, не е ни прва, верувам ни последна. Ќе му посакам добро здравје, на нему и на сите наши граѓани, рече Захариева.

Leave a Reply