Опозициските советници бараат кумановскиот плоштад да се преименува во ”Плоштад Македонија” (видео)

Сподели со своите пријатели

Наместо сегашното име ”Нова Југославија”, советничката група предводена од ВМРО ДПМНЕ при Совет на Општина Куманово, денес од кумановскиот градоначалник побара поддршка за спроведување на иницијатива и промена на името на плоштадот во плоштад ”Македонија”.

Loading...

На следната седница на советот, во име на советничката група предводена од ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партнери, ќе побараме, кумановскиот плоштад да биде преименуван, изјави на денешниот прес, Драган Петковски, координатор на советничката група и воедно претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Куманово.

Денеска покренуваме иницијатива за промлем чие решавање не бара финансиски средства, а сепак и по 25 години од осамостојувањето на Македонија, по 10 години грдоначалствување на Зоран Дамјановски, на оваа тема не е направено ништо – изјави Петковски.

Од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ потенцираа дека во моментов  кумановци ги погодува најмногу тоа што не можат да си го остварат основното право, да добијат лични документи кои им следуваат како државјани на оваа земја

И понатаму многу приградски населби се водат како „населба без уличен систем“, или пак жителите на цели населби се водат на една фиктивна адреса – додаде координаторот Драган Петковски.

Се надеваат дека со ова ќе го подигнат прашањето од „мртва точка“ и порачаа градначалникот да смисли друг одговор од, како што велат вообичаеното „нема пари“.