Опозицијата удри со брашно и јајца врз Еди Рама

Сподели со своите пријатели

Работата на албанскиот парламент ја блокираа опозиционерите кои премиерот на Албанија Еди Рама и неговите министри ги гаѓаа со јајца, брашно и разни предмети.

Пратениците на опозициската Демократска партија бараа ослободување ан неколку притворени граѓани, кои кон крајот на март протестираа поради зголемување на патарините на автоаптот кој води кон морето, пренесуваат агенциите.

Расправата беше прекинувана неколку пати, а некои пратеници од Демократската партија беа исклучени од неа. Тензиите започнаа по говорот на лидерот на опозицијата во Албанија Љуљзим Баша, а на протестот во парламентот се приклучија и пратениците од Социјалистичкото движење за интеграција.

По нападот од салата, Рама го соблече сакото на кое имаше траги од брашно и јајца.

Leave a Reply