Опозицијата со предлог: Рената Дескоска за нов потпретседател на Собранието на РМ

Сподели со своите пријатели

Професорката од Правниот факултет и пратеник од редовите на СДСМ,  Рената Тренеска – Дескоска е предлогот на опозицијата за потпретседател во Парламентот, соопшти на денешниот прес пратеникот Горан Сугарески, откако сите предлози на опозицијата се поднесени до Комисијата за избори и именувања.

Loading...

Пратеникот од НСДП, Горан Мисевски ќе биде претседател на Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка за следење на комуникациите од страна на МВР, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана, додека Хари Локвенец СДСМ на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.

Опозицијата денеска поднесе и 5 предлог-закони од кои три се поврзани со укинување на екстерното тестирање, закон за зголемување на минималната плата од 9 500 на 11 000 денари, како и закон за буџети со кој граѓаните би имале увид во трошењето на народните пари.