Опожарено возило на 25-годишен кумановец

Сподели со своите пријатели

Рано утринава во 04,35 часот во Секторот за внатрешни работи Куманово било пријавено дека на булеварот „Октомвриска Револуција“ на паркинг просторот од страна на непознато лице било извршено опожарување на патничко моторно возило „Цитроен Ц3“ со кумановски регистерски таблици сопственост на М.Т.(25) од Куманово при што била опожарена предната лева страна на возилото.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, пожарот бил изгаснат.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

фото: архива

Loading...

Leave a Reply