Опожарени куќа, оџак и седвичарница во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во три различни случаи, кумановските пожарникари вчера гаснеле запалена фритеза во сендвичарница, па запален семеен дом, за да денот го завршат со интервенција на запален оџак.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 13:50 до 14:00 часот четворица пожарникари гаснеле запалена фритеза во седвичара лоцирана на улицата „Илинденска“.

Во населбата Иго Тричковиќ бил запален семеен дом. Во период од 18:00 до 20:30 часот шестмина пожарникари интервенирале на огнените јазици. Како што велат од РЦУК, причинета е материјална штета, која засега е непозната, а причините кои довеле до опожарувањето ќе ги утврдуваат надлежните служби.

Во третиот случај се запалил оџак на куќа на улицата „Славиша Вајнер“. Во период од 19:05 до 20:35 часот интервенирале тројца пожарникари.

Leave a Reply