Опаност од недостаток на крвни единици, кумановци можат да даруваат во болницата

Сподели со своите пријатели

Поради опасност од недостаток на одредени крвни групи, Општинската организација на Црвен Крст Куманово ги повикува сите заинтересирани граѓани да даруваат крв.

Loading...

Тоа може да го сторат со посета на Одделението за трансфузиона медицина при Општа болница Куманово секој понеделник и четврток во период од 08:30 до 14:-00 часот.

– Ве повикуваме заеднички, преку највисокиот чин на хуманоста – крводарувањето, да ги зајакнеме резервите на крвни единици, кои периодов бележат надолен тренд и опасност од недостаток на одредени крвни групи, стои во повикот.

Како што потенцираат од Црвениот крст нема ризик за добивање Ковид-19 преку процесот на крводарување.

– Ги охрабруваме сите здрави и подобни лица кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со крв за пациентите кои имаат потреба од трансфузија. Нема ризик за добивање на КОВИД-19 преку процесот на крводарување бидејќи респираторните вируси не се пренесуваат преку дарување или со трансфузија на крв, велат од ОО на Црвен крст Куманово.

„Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот“, порачуваат оттаму.

Никола Ивановски

Leave a Reply