ООН: Ако продолжи конфликтот во Авганистан, бројот на цивилни жртви ќе биде огромен

Сподели со своите пријатели

Обединетите нации предупредија денес дека во текот на оваа година, во Авганистан ќе има огромен број цивилни жртви, доколку продолжат конфликтите, а тоа ќе започне со офанзивата на талибанските бунтовници.

Loading...

Во својот извештај објавен денес за цивилните жртви во првата половина на оваа година, мисијата на ООН во Авганистан вели дека очекува во 2021 година да има најголем број цивилни жртви од 2009 година.

„Цивилните жртви во Авганистан во првата половина на 2021 година достигнаа рекордни нивоа, со особено зголемување на смртните случаи и бројот на повредени од мај, кога меѓународните сили почнаа да се повлекуваат и борбите ескалираа по офанзивата на талибанците“, соопштија ООН.

Според извештајот, 1.659 цивили биле убиени и 3.254 ранети во првата половина на 2021 година, што е за 47 проценти повеќе отколку во првата половина на 2021 година.

Талибанците започнаа офанзива против авганистанските сили во мај, кога започна повлекувањето на странските трупи од земјата.

Leave a Reply