ОО на СДСМ Куманово: Каде се вработувањата што власта секојдневно ги нуди по медиумите? (видео)

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од Куманово денеска на прес конференција ја праша власта каде се вработувањата кои секојдневно ги нуди по медиумите и платените политички рекламирања.

На прес конференцијата портпаролот на ОО на СДСМ Куманово, Сашо Тодоровски ја праша власта дали знае дека Куманово има над 10.000 невработени млади лица или вкупно 30.000 луѓе кои немаат никаква работа.

Дали Куманово не е во Република Македонија или ние како свесни граѓани не живееме во истиот филм кој ни го приредува власта во заминување? Доколку отидете во Бирото за вработување во Куманово тамошните вработени кои се задолжени да ги упатуваат граѓаните и да им помогнат во врска со вработувањето само ги дигаат рамниците и можат да ви понуат единствено некоја обука по „јава“ програмирање или „ворд“ – истакна Тодоровски.

Тој вели дека доколку не се јават на некоја од обуките автоматски ќе ги избришат од Бирото за вработување и вештачки ќе се намали невработеноста.

Свесна ли е Владата во заминување дека младите својата егзистенција ја наоѓаат во странство со вадење бугарски пасош, бидејќи во Македонија ако не си дел од нивниот клан не можеш да најдеш пристојна работа од која ќе можеш да ја планираш својата иднина – прашува портпаролот на ОО СДСМ Куманово.

Тодоровски до граѓаните порача дека е дојдено времето да запрат манипулациите и дека на новата власт од СДСМ приоритет ќе бидат младите и невработените, како и создавање реални работни места од кои ќе може нормално да се живее.