ОН ќе ја поддржат посетата на инспекторите на нуклеарката Запорожје

Сподели со своите пријатели

Обединетите нации имаат логистички и безбедносни капацитети да ја поддржат посетата на инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) на нуклеарната централа Запорожје во Украина, а условот е да се согласат и Русија и Украина, изјави портпаролот на ОН Стефан Дижарик.

Loading...

Така тој одговори на обвинувањето на Русија дека ОН ја блокирале посетата на инспекторите на МААЕ на најголемата нуклеарна централа во Европа, која Русија ја заплени во март, пренесува Ројтерс.

Дижарик рече дека секретаријатот на ОН нема овластување да ги блокира или откажува активностите на МААЕ.

– Во близок контакт со МААЕ, Секретаријатот на ОН оцени дека во Украина има логистички и безбедносен капацитет за поддршка на секоја мисија на МААЕ во нуклеарната централа Запорожје – рече Дижарик, додавајќи дека и Русија и Украина мора претходно да се согласат на тоа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто НАТО не го брани небото над Украина како што го бранеше на Израел?

Двете земји рекоа дека сакаат посета на инспекторите на МААЕ.

Шефот на МААЕ Рафаел Гроси изјави дека е подготвен да ја води мисијата и ги повика Русија и Украина на соработка.

Во четвртокот, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на прекин на воените активности околу нуклеарно-енергетскиот комплекс Запорожје, имајќи предвид дека Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирањето на областа.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

Loading...