Олд тајмер стар 102 години „лета“ со 200 км/h (Видео)

Сподели со своите пријатели

На сите им е познато дека олд тајмерите не можат да достигнат голема брзина поради својата старост како и самата конструкција на каросеријата, но и стариот тип на мотор кој го имаат. Но, олд тајмерот „1905 Darracq 200HP “ стар 102 години може да достигне брзина од неверојатни 200 км/h.

Loading...

Овој олд тајмер го возел Марк Вокер. И за своите 102 години денес слободно може да се каже дека овој автомобил со својата брзина парира на денешните современи автомобили.

Француската компанија својот прв автомобил од овој тип го прозивела во далечната 1900 година. Под хаубата на овој абтомобил бил мотор со запремнина од 785 кубика, 6,5 коњски сили. Само пет години подоцна на пазарот излегува „ 1905 Darracq 200HP“ која и во 21 век привлекува големо внимание кај љубителите на стари автомобили.

Александре Дарак не се прославил со првиот модел, па во соработка со Адам Опел во наредните години на пазарот пласираат четири нови мотори од 1,11 до 3,81.

Бизнисот започнува, а неговите автомобили пристигнуваат и на британскиот пазар, а поради малиот публицитет изработен е и нивниот прв V8 со неверојатни 25,4 литни запремнина со околу 200 коњски сили.

На патиштата овој олд тајмер развил брзина од 177 km/h, за да пристигне до Дејтон и таму да достигне 197 km/h, за тоа време неверојатно „магична“ брзина.

А како денес функционира овој олд тајмер произведен пред 1 век, погледнете во видеото.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.