Околу 200 договори за практикантство во Куманово

Сподели со своите пријатели

Двесте и дванаесет договори склучиле физичките и правните лица од Куманово за мерката практиканство, информираа од Центарот за вработување Куманово. Годинава ангажирани се практиканти во адвокатски канцеларии, сметководствени бироа, козметичарки, продавачи во угостителски објекти, информатичари, медицински сестри во ординации.

– Фирмите покажаа интерес за оваа мерка преку која ангажираат млади кои ги воведуваат во работата, ги подучуваат, усмеруваат, ги подготвуваат за работно место. Дел од фирмите кои ангажираат повеќе практиканти во текот на траењето на мерката ги селектираат овие лица според нивните способности и одбираат иден вработен, изјави Мира Трајковска, соработник за вработување од кумановскиот Центар за вработување.

Фирмите немаат обврска за плаќање на лицето кое од државата добива 9.000 денари месечен надоместок, во кој се вклучени персонален данок на доход и осигурување во случај на повреда.

Leave a Reply