Околу 200.000 вработени во странски компании во Москва би можеле да останат без работа

Сподели со своите пријатели

Околу 200.000 вработени во странски компании во Москва би можеле да останат без работа, изјави денеска градоначалникот на руската престолнина, опишувајќи ги последиците од западните санкции против Русија поради инвазијата на Украина.

Loading...

 

Песков: Има уште време Западот да го прифати плаќањето на гасот во рубљи

 

„Според нашите проценки, околу 200.000 луѓе се во опасност да ги загубат своите работни места“, рече градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин на својот блог, пренесува Радио Слободна Европа (РСЕ).

Тој рече дека минатата недела властите одобриле програма вредна 41 милион долари за поддршка на граѓаните на Москва при вработување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Москва: Бројот на повредени во нападот во „Crocus City Hall“ се зголеми на 360

 

Многу лажни информации за војната во Украина: Како да знаете што е вистина, а што пропаганда?

Loading...

 

„Пред сè, програмата е наменета за вработените во странски компании кои привремено ја прекинаа својата работа или одлучија да ја напуштат Русија“, рече Собјанин.

Стотици, главно западни компании, најавија прекин на нивните активности или заминување од Русија откако претседателот Владимир Путин испрати војници во Украина на 24 февруари.