ОК ВМРО-ДПМНЕ: Зошто на Дамјановски не му функционираат јавните претпријатија?

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ Куманово денеска повторно излезе на прес конференција по „стоти пат“ пред надвозникот на влезот на населбата Перо Чичо од каде го прашаа градоначалникот Зоран Дамјановски, дали му функционираат јавните претпријатија, со оглед, како што велат, на сметот разфрлан наоколу.

Тука е направена  дива депонија, која неконтролирано се пали и чадот се шири низ околните станови и куќи. Лошо може да се одрази врз здравјето на децата и родителите кои живеат во околината. Овој дел одамна ги загубил зелените површини, а иста е сликата и низ центарот на градот. Во близина е и градскиот кеј за кој исто така неколку пати реагиравме дека речното корито не е исчистено ниту од тревата, ниту од старите технички апарати кои пловат низ него. Често има на овој дел и кучиња скитници кои јадат од депонијата, а покрај тоа и ѓубрето го чепкаат и разнесуваат низ околните дворови. Во вечерните часови  ги напаѓаат жителите кои пеш си одат накај дома – вели Биљана Димитриевска, од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Loading...

 

Според Димитриевска, овој дел претставува потенцијална опасност од зарази во летните денови кои допрва претстојат.

Го прашуваме градоначалникот зашто не му функционираат јавните претпријатија кои се одговорни и должни да ја одржуваат хигиената во градот. Покрај оваа депонија, низ градот на уште неколку места постојат депонии на кои сите граѓани реагираат, но сепак одговорните и градоначалникот немаат слух. Градоначалникот да одговори, дали е нормално за нив таква смреа да се шири од сите страни на Куманово, а тој да седи со скрстени раце и да не преземе ниту еден чекор што води кон решавање – прашува Димитриевска.

 

Таа потенцираше, дека неодговорноста граѓаните ја почуствувале и во зимските денови, кога според Димитриевска, граѓаните момеле за расчистување на улиците.