ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово започнува со акцијата „Лето за Македонија“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Педесетина тимови од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово од 11 јули ја реализираат акцијата „Лето за Македонија“, а во која посетуваат домаќинства низ градот, приградските населби и околните села.

Како што рече на денешната прес конференција, портпаролот на Општинскиот комитет на партијата, Милан Давидовиќ целта на ваквата акција е да се слушне мислењето на граѓаните.

– Целта на акцијата е да оствариме непосреден контакт со граѓаните, да го чуеме нивното мислење за предизвиците со кои е соочена Република Македонија, нивниот став во врска со погубниот договор за промена на уставното име на државата, економската состојба и други проблеми со кои секојдневно се соочуваат, рече Давидовиќ.

Loading...

Според портпаролот на кумановскиот комитет партијата е решена да стави крај на погубните политики на СДСМ.

– За нешто повеќе од една година, владата на СДСМ, предводена од Заев успеа да нанесе непоправлива штета на државните и националните интереси со потпишување на капитулантскиот договор со Грција, договорот за соработка со Бугарија, како и шверцерски донесениот закон за двојазичност, додаде Давидовиќ.

ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот, рече Давидовиќ на прес конференцијата, кој ги повика граѓаните на средбите да се вклучат активно со свои сугестии и мислења.

Leave a Reply