ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово со честитка за Рамазан Бајрам

Сподели со своите пријатели

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово преку соопштение упати честитка до припадниците на исламската вероисповед во која стои дека со негувањето добри мисли и деба придонесуваме за напредок на темелните вредности на животот и општеството.

Ваквите големи верски празници нека не навраќаат на вистинските вредности на семејната блискост, љубовта и меѓусебното пријателство. Негувајќи ги добрите мисли и добрите дела придонесуваме за напредок на темелните вредности во нашиот живот и во нашето општество. Ваквите празници се и момент кога се зацврстуваат толеранцијата човечките, меѓукултурните и меѓуверските односи кај луѓето. ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово уште еднаш Ви посакува деновите на празнување да ги поминете во радост, спокој, хармонија и мир, во кругот на своите семејства, меѓу пријателите и меѓу соседите, стои во честитката од партијата.

Leave a Reply