ОК ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот не презеде ништо за чистење на снегот (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово денес на прес конференција го обвини градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски дека не презема мерки за чистење на снегот од улиците во градот.

До кога снегот, како и секоја година ќе не изненадува во јануари? Каде сте  сега да ја преземете одговорноста за тоа што граѓаните на Куманово свесно ги ставате во голем ризик ? Се прашувате ли Вие и СДСМ како граѓаните на Куманово ги извршуваат своите секојдневни потреби по улиците преполни со снег? Како луѓето со сериозно нарушено здравје навремено да стигнат да примат лекарска помош или пак дали денеска граѓаните стигнаа безбедно на време на своите работни места? Зошто дозволивте граѓаните секојдневно да се изложуваат на опасности ако се знае, дека сите надлежни служби беа навремено информирани за временските прилики? – праша Анета Шандева Додевска од ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Loading...

 

Од општинскиот комитет го повикаа Дамјановски веднаш да преземе мерки за расчистување на улиците во градот.