ОК ВМРО-ДПМНЕ: Дамјановски авионски превоз да организираше немаше да потроши толку пари (видео)

Сподели со своите пријатели

На прес конференција попладнево излезе и претседателот на Унијата на млади сили од Куманово, Марио Цветковски кој исто како и неговиот сопартиец Зоран Ѓоргиевски уште еднаш потенцираше дека наводно Општина Куманово фактурирала 652 пати поголема цена за училишниот превоз во споредба со Општина Битола.

Во Куманово градоначалникот Дамјановски свесно ги проширува договорите за превоз на ученици спротивно на законските одредби за бесплатен превоз на ученици со што на фирмата блиската до СДСМ и овозможил да добива стотици пати повеќе приход од било коај друга фирма со таква дејност во Република Македонија – рече Цветковски.

Цената за 11,7 километри во Битола цената била 4,5 денари поединчено по ученик, додека во Куманово за 14,6 километри, како што вели Цветковски, цената била 2019 денари по ученик или 500 пати повисока од битолската.

Ова е основен сомнеж за мега криминал во Општина Куманово. Ова е основано сомнение дека се работи за грабеж кој се одвива во Општината Куманово. Зоран Дамјановски, авионски превоз да организираше за учениците немаше да потроши просечно 2.741 денар по изминат километар. Заради ваквата работа на Дамјановски општината Куманово се глави во долгови, а фирми блиски до СДСМ се богатат со парите на граѓаните – додава Цветковски.

Инаку претседателот на УМС од Куманово беше сам на прес конференцијата, без поддршка на првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово кои вчера од Скопје упатија обвинувања на оваа тема.

На прашањето на Кумановски Муабети зошто ако има криминал финансиската полиција која ги зела документите не презела мерки, Цветковски рече дека тие располагаат само со информациите кои ги изнеле во двете пресконференции.