ОК на ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Дамјановски свесно ги блокира инвестициите на Владата (видео)

Сподели со своите пријатели

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово денеска на прес конференција повторно излезе со обвинувања на сметка на градоначалникот Зоран Дамјановски, овој пат дека наводно спречува владина инвестиција за изградба на спортска сала на албанскиот дел од СОУ „Перо Наков“ со локација во поранешната касарна „Карпош“.

Имено, иако претходно со потпишување на трипартитен договор помеѓу Министерството за образование и наука, средното училиште “Перо Наков“ и општина Куманово, општината се обврза да обезбеди чиста локација за почеток со градба на училишната спортска сала, и по шест месеци од воведување на изведувачот на салата во работа, градоначалникот сеуште ги нема завршено своите обврски, односно сеуште ги нема отстрането времените објекти од локацијата каде треба да се гради салата и ја нема дислоцирано постечката подземна водоводна и канализациона инфраструктура – рече Драган Петковски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Петоквски вели дека со тоа, се одложуваат и активностите за изградба на спортски објект, кој би обезбедил современи услови првенствено за реализација на часовите по спорт и спортски активности на 600тини ученици, но и подобри услови за тренинзи на спортските клубови и за спорт и рекреација на локалното население.

Иако, оправдувањата се секогаш исти – дека изборот на компанија изведувач на работите е при крај, Зоран Дамјановски е должен да даде одговор на прашањето – кој е вистинскиот мотив да ги држи во заложништво учениците? Дали причината е тоа што оваа активност е всушност ветување и дел од програмата на ВМРО – ДПМНЕ, или пак, причината е што не постои можност да присвои дел од инвестицијата вредна 24 милиони денари? – прашува Петковски.

Инаку, спортската сала, како што истакна Петковски е дел од владиниот проект за изградба и опремување на 145 училишни спортски сали.

 

Loading...