ОК на ВМРО ДПМНЕ Куманово: Во летните горештини – кумановчани немаат соодветен градски парк (видео)

Сподели со своите пријатели

Советничката Ивана Арсеновска од редовите на ВМРО ДПМНЕ, придружувана од останати советници и членови на ОК на ВМРО ДПМНЕ Куманово, денес од градскиот парк лоциран покрај Автобуската станица во Куманово, повика на одговорност на градските власти и градоначалникот, кумановчани да добијат место каде што ќе го поминуваат своето слободно време за време на летните горештини, посочувајќи дека паркот нема соодветни клупи и соодветно уреден простор.

Loading...

[huge_it_gallery id=”105″]

 

Според Арсеновска, градскиот парк се наоѓа на само неколку чекори подалеку од Јавното претпријатие ”Чистота и зеленило”, одговорно за ова место, и зачудува фактот што претпријатието го остава местото запуштено и несредено, наспроти дадените изјави од директорот дека токму Чистота и зеленило е задолжено да се грижи за јавните зелени површини.

– Градоначалникот на Куманово треба да престане да бара алиби во моменталната политичка и безбедноста ситуација во државата како оправдување за своето неработење, и да започне да се грижи за просторното уредување на градот, истакна Арсеновска.

Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ смета дека градскиот парк во Куманово треба да го врати стариот сјај кога кумановчани имаа свое катче за забава и разонода.