ОК на ВМРО ДПМНЕ Куманово со честитки по повод 11 Ноември

Сподели со своите пријатели

Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ Куманово денес упати честитка до своите сограѓани по повод 11 Ноември – Ден на ослободување на градот.

Loading...

Народните херои, борците од Козјачкиот и Карадачкиот одред на 11 Ноември 1944 год беа дочекани на кумановската Тумба. Овој голем празник за нашиот град го означува завршувањето на вековните борби за македонска државност и самостојност и заокружување на историскиот период на востанија и напорите вложени за национално ослободување. Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Куманово им го честита 11-ти Ноември, Денот на ослободување на нашиот град, се вели во писмената честитка.