ОК на ВМРО-ДПМНЕ: Каде се широките булевари и автобуски постројки? (видео)

Сподели со своите пријатели

На прес конференција која денеска ја одржа Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово ги обвинија градоначалникот Зоран Дамјановски и претседателот на Советот на општината, Максим Димитриевски дека слабата режија изучувана на скопска Бихаќка не минува кај кумановци.

Тие велат дека од провидната злоупотреба на советничките прашања помеѓу Дамјановски и Димитриевски и без да сакале граѓаните, дознале дека 24 линии го опслужуваат јавниот превоз, со 24 автобуса и 17 минибуса, од 05 часот до 22 часот и 30 минути.

За малку ќе сте пропуштиле да дознаете дека е ваша вината затоа што не ги разбирате состојбите во јавниот превоз бидејќи го немате „клучниот“ податок: 3886 средношколци и 1572 основци го користат училишниот превоз во Куманово – вели Срѓан Ивановски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Тие прашаа каде се ветените широки булевари, нови автобуски постројки и возниот ред на постројките.

Граѓаните и Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово ги повикуваат Градоначалникот Дамјановски и првиот помеѓу советниците – Димитриевски, за момент да ги сменат честите релации кон Четирце, Љубљана и Бихаќка и преку јавниот превоз да согледаат што како Сојуз за наводната иднина ветиле, а не оставариле – вели Ивановски.

Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ порачаа да не се грижат за удобноста на канцелариите, инаку како што велат во спротивно, ќе бидат посигурни во ставот којшто го делат мнозинството кумановци – дека Сојузот на иднината, полека станува Сојуз на минатото.